
Неодамна Европската ракометна федерација, ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради вмешаност во местење натпревари, поточно – затоа што не ја одбил понудата доволно конкретно.
Данската ТВ2 која и претходно ги објавуваше информациите за наводни местенки во ракометот објави и видео на кое Начевски наводно е на состанок со кинески бизнисмен. Се наведува дека тој бил актер ангажиран од нивн страна, Данците ја објавија снимката од „состанокот’ на која Начевски го одбива предлогот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во разговорот тој посочува дека натпреварите под капата на ЕХФ се следени од посебни компании и било каков обид би бил лесно забележан.
„Ако бев помлад и сакав пари, можеби ќе размислев за понудата, во овој момент е премногу опасно воопшто да се разговара на оваа тема“, одговара Начевски на состанокот со наводниот кинески бизнисмен.
Разговорот со Начевски објавен од ТВ2 можете да го погледнете – ТУКА.