Дома Фудбал Лига на шампиони Објавени детали за „местенката“ ПСЖ – Звезда: На УЕФА посебно и е сомнителен еден играч!

Објавени детали за „местенката“ ПСЖ – Звезда: На УЕФА посебно и е сомнителен еден играч!

psg zvezda

Во медиумите и понатаму се пишува за скандалозната информација која ја објави „Л’Екип“.

Ќе потсетиме, реномираниот француски во јавноста пласираше информација дека за натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен – Црвена Звезда има сериозни докази дека е наместен. Потоа и аларамирана беше и УЕФА која отвори истрага, случајот го истражува и обвинителството во Франција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес српски „Информер“ објавува повеќе информации на оваа тема.

Седум дена пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Звезда, комисијата на УЕФА добила дојава дека натпреварот може да биде наместен. Забележани се стотина уплати од по 5.000 евра на „типот“ дека Звезда ќе загуби со пет голови разлика.

https://www.youtube.com/watch?v=CgZ4Fw_SgjU&t=2s

Црвениот аларм бил вклучен кога во обложувалница во Азија имало обид на споменатиот „тип“ да се уплатат 200.000 евра. На инспекторите на УЕФА кој го гледале натпреварот во Париз, најсомнителен им бил Филип Стојковиќ.

Стојковиќ имал дури 29 сомнителни моменти во натпреварот против Пари Сен Жермен, сметаат експертите на УЕФА! Етичката комисија на УЕФА добила дојава дека натпреварот ПСЖ – Звезда (6:1), бил наместен па поради тоа внимателно се следел секој потег на фудбалерите на теренот.

Од двата клуба веднаш по објавувањето на веста од „Л’Екип“ oстро ги демантираа сите обвинувања.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…