Дома Фудбал Останато Објавена нова снимка од хаосот во Атина, Хрват, Албанец и тројца Грци главни осомничени за убиството

Објавена нова снимка од хаосот во Атина, Хрват, Албанец и тројца Грци главни осомничени за убиството

Чешката интернет страница „Hooligans.cz“ која следи голем број навивачи ширум светот, објави нова снимка од инцидентите во Атина и тепачката помеѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК.

Во нередите кои се случија во понеделникот животот го загуби Михалис Кацурис, 29-годишен навивач на АЕК. На новата снимка може да се види како фановите на АЕК прво стојат, а потоа бегаат од навивачите на Динамо кои имаат помош и од групата на Панатинаикос.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Инаку, грчката полиција и понатаму ја води истрагата и го стеснува кругот на главните осомничени за убиството на навивачот.

Bо потесниот круг за убиството на навивачот се осомничени Тројца Грци, Албанец и еден Хрват. Грчкиот портал „Newsit“ пишува дека кај Хрватот и Албанецот во текот на апсењето се пронајдени ножеви на кои имало траги од крв.

Поради тоа тие веднаш биле одвоени од остатокот од групата. Од тројцата Грци двајца се 27-годишни. Сите имаат дебело полициско досие, а еден од нив претходно учествувал во грабеж со нож.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…