Дома Топ вести Облак ја доби понудата: Помеѓу најплатените во клубот и клазула од 200 милиони евра!

Облак ја доби понудата: Помеѓу најплатените во клубот и клазула од 200 милиони евра!

oblak

Управата на „Јорганџиите“ е упорна во намерата го задржи голманот Јан Облак во клубот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми понудата до Облак веќе е соопштена. Словенечкиот голман е еден од најважните во тимот на Диего Симеоне, а Аргентинецот од поодамна и даде наредба на управата да пронајде начин да го задржи во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот договор на Облак со Атлетико истакува летото 2021 година, но актуелната клазула од 100 милиони евра повеќе не е гаранција дека тој ќе остане во Мадрид.

Целта на управата на Атлетико е двојно да ја зголемат клазулата – 200 милиони евра, а за Словенецот да прифати му нудат драстично поголеми примања.

Облак во Атлетико Мадрид пристигна летото 2014 година за оштета од 16 милиони евра, а актуелниот договор го продолжи две години подоцна. Доколку им беше познато како ќе се одвиваат работите на трансфер пазарот, сигурно неговата клазула уште тогаш би била поголема од 100 милиони.

Заинтересирани за Облак има повеќе клубови, а најмногу се споменуваат Пари Сен Жермен и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…