Напаѓачот на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг даде интересен коментар за својот бивши клуб Арсенал.




32-годишниот напаѓач истакна дека двете страни се задоволни после разделбата во јануари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Најважно е дека сега сите сме задоволни. Тоа беа добри времиња кои никогаш нема да ги заборавам“, изјави Обамејанг.




Обамејанг беше капитен на Арсенал, но му беше одземена лентата во декември и беше исврлен од тимот поради дисциплински мерки.
Габонецот во јануари го раскина договорот со „топџиите“ и како слободен агент потпиша за Барселона.