Пјер Емерик Обамејанг како што стојат работите се очекува да го продолжи договорот со Арсенал.
Габонецот со Арсенал има договор до крајот на наредната сезона и во претходните месеци многу се шпекулираше дека ќе замиен. Но изгледа дека клубот успеа да го убеди да остане.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Англиските медиуми во претходните денови објавија дека продолжувањето на договорот на Обамејанг е завршена работа, сега тој со објава на Инстаграм можеби го потврди тоа.
Обамејанг на Инстаграм објави дека ја офарбал косата во боите на „топџиите“ и многумина веруваат дека на тој начин на сите им ставил до знаење дека останува.
