Дома Фудбал Германија Обамејанг: Не ми е јасно зошто сум суспендиран!

Обамејанг: Не ми е јасно зошто сум суспендиран!

Германските меидуми вчера пренесоа информација дека Борусија Дортмунд го суспендирала Пјер Емерик Обамејанг, а веста потоа ја потврди и самиот клуб.

Обамејанг беше суспендиран и во ноември минатата година поради дисциплински мерки, бидејќи без знаење на клубот заминал во Милано.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, напаѓачот сега тврди дека не знае која е причината за суспензијата овој пат.
„Не е вистина дека сум закаснил на тренинг. После моето патување во Милано можев да ја разберам суспензијата. Овој пат навистина не ми е јасно зошто сум суспендиран“, изјави Обамејанг.

Габонецот поради суспензија ќе го пропушти мечот против Штутгарт, а оваа сезона на 17 натпревари има постигнато 15 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Казахстан прв доаѓа до водство во Скопје (Видео)

Репрезентацијата на Казахстан стигнува до водство Скопје откако Кaраман погоди во 55-тата …