Ѕвездата на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг се двоуми околу потпишувањето на новиот договор.
Договорот на Обамејанг важи до летото 2021 година, а иако челниците на лондонскиот клуб имаат намера да му понудат нов подобар договор него не му се брза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека Габонецот ги одложува разговорите за продолжување на соработката бидејќи сака да ја чека Барселона.
„Обамејанг сака да почека да види колку Барселона е сериозна со интересот за него“, се наведува во соопштението на „Спорт“.
Одличниот габонски фудбалер е прв стрелец во клубот и воедно капитен, ќе потсетиме пристигна од Борусија Дортмунд во 2018.