Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во разговор со Фабио Фоњини на Инстаграм откри кога планира да ја заврши кариерата.
Ѓоковиќ има 32 години, а професионалната кариера ја започна пред 19, во 2003 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од тогаш освои 79 титули во сингл, од тоа 17 Грен слем титули, а на првото место помина 272 недели.
Денес тој се дружеше со Фоњини во живо на Инстаграм и низ смеа зборуваше кога би бил спремен да каже збогум на тенисот.
Фоњини: Дали знаеш кога ќе бидеш спремен да се повлечеш?
Ѓоковиќ: Кога ќе имам 50.
Фоњини: 50 Грен слемови или 50 титули?
Ѓоковиќ: 50 години, тоа е убав број. Тоа ќе биде четвртина од мојот живот.