Дома Фудбал Англија Нов удар за Мурињо: Познато колку ќе паузира Фелаини

Нов удар за Мурињо: Познато колку ќе паузира Фелаини

Маруан Фелаини вчера на мечот против Тотенхем помина само неколку минути на терен, а денес британските медиуми пренесуваат дека станува збор за сериозна повреда.

Имено, Белгиецот денес беше на детални лекарски прегледи кои потврдија дека ќе мора да отсуствува 6 до 8 недели, што значи дека нема да се врати на терените пред месец април.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Фелаини има истегнување на лигаментите на коленото, повреда која му се повторува втор пат сезонава.

Договорот на Фелаини со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, но Мурињо јавно призна дека сака да го задржи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона гледа на Влаховиќ како можен заменик на Левандовски

Барселона покажува интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, објавува Gazzetta del…