Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл на Јокиќ, но втор пораз за Денвер, одличен и Дончиќ 🎥

Нов трипл-дабл на Јокиќ, но втор пораз за Денвер, одличен и Дончиќ 🎥

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ со нов трипл-дабл од 36 поени, 21 скок и 11 асистенции запиша нов трипл-дабл, но тој не беше доволен за Денвер да слави победа.

Денвер беше поразен на гостувањето кај Хјустон со резултат 107:104. За актуелниот шампион ова беше втор пораз во сезоната, додека Рокетс стигнаа до шестата победа во низа и се едно од најпријатните изненадувања во новата сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Трипл-даблот за Јокиќ беше негов 109. во кариерата. Треба да се спомене и дека Денвер во овој натпревар беше без одличниот Џамал Мареј кој е повредеН. Поддршка за Јокиќ беше Портер со 25 поени. Алперен Шенѓун со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции беше најрасположениот на спротивната страна.

Одлична вечер зад себе имаше и Лука Дончиќ кој постигна 30 поени додавајќи девет асистенции и четири скокови за 27 минути на пракетот.

Возбудливо беше и на натпреварот помеѓу Филаделфија и Индијана на која со 137:126 славеа домаќините. Ембид беше најефикасниот со 37 поени, 13 скокови и седум асистенции, додека кај гостите Макси постигна дури 50 поени, со 7 скока и 5 асистенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Шарлот 129-107

Бруклин – Вашингтон 102-94

Лос Анџелес Клиперс – Мемфис 101-105

Чикаго – Детроит 119-108

Сан Антонио – Мајами 113-118

Феникс – Оклахома 99-111

Голден Стејт – Минесота 110-116

Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 116-110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…