Дома Фудбал Останато НОВ ТЕЖОК УДАР ЗА ПСЖ: Мбапе на полувреме побарал да остане на клупата

НОВ ТЕЖОК УДАР ЗА ПСЖ: Мбапе на полувреме побарал да остане на клупата

Само неколку дена откако што останаа без најскапиот играч во историјата, ПСЖ доживеа уште еден тежок удар.

Теренот синоќа го напушти Килијан Мбапе, второто најскапо засилување во клубот кое во победата против Марсеј (3:0) на полувремето побарал да остане на клупата. Мбапе добил силен удар во ногата, поради што не се врати во игра по паузата, што му создаде нови грижи на тренерот на Парижаните, Унаи Емери пред реваншот против Реал Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


ПСЖ на двајца клучни играчи минатото лето потроши повеќе од 400 милиони евра, а сега двајцата би можеле да го пропуштат најважниот натпревар во сезоната, поради што и беа доведени. Вчера беше потврдено дека Нејмар мора да оди на операција и сигурно дека ќе го пропушти натпреварот против Реал, а сега Емери се уште не е сигурен дали ќе може да смета на Мбапе.

Синоќа по дербито со Марсеј тренерот на ПСЖ изјави:

„Мбапе доби удар во глуждот. Бараше да не игра во второто полувреме. Се надевам дека не е сериозно. Прво ќе размислувам во сабота и Троја, а потоа за Реал. Верувам во своите играчи, имаме самодоверба, се надевам дека сите играчи ќе бидат подготвени за игра од првата минута или барем за влегување од клупа“.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крос не може да молчи, па нападна младата ѕвезда: Одиш таму само за да им земаш пари две години

Тони Кроос одамна е во пензија, но легендарниот Германец, се разбира, е постојано со фудба…