Дома Фудбал Репрезентации Нов проблем за Франција: Бензема не игра против Австралија?

Нов проблем за Франција: Бензема не игра против Австралија?

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на Светското првенство. Откако се повреди напаѓачот на Лајпциг Кристофер Нкунку кој ќе го пропутши комплетниот Мундијал сега пристигнуваат лоши вести и со Карим Бензема.

На повреда исто така се пожалил и Жиру, но како што стојат работите напаѓачот на Милан ќе биде спремен за стартот на Светското првенство, меѓутоа тоа нема да биде случај со Бензема.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Напаѓачот на Реал вчера не тренираше со остатокот од тимот, тренираше индивидуално како и Рафаел Варан, кој исто така се враќа од повреда. Бензема во изминатиот месец забележа само 26 минути натпреварувачки фудбал поради проблем со мускулите.

Француските медиуми не веруваат дека освојувачот на „Златната топка“ ќе биде на теренот против репрезентацијата на Австралија во натпреварот кој се игра во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…