Дома Фудбал Италија Нов Младини испиша историја, Милан со гол во финишот до победа со Специја 🎥

Нов Младини испиша историја, Милан со гол во финишот до победа со Специја 🎥

Шестото коло од Серија А ни го донесе натпреварот помеѓу Специја и Милан кој на крајот заврши со конечен резултат 1:2.

Првото полувреме донесе интересен фудбал. Се играше отворено со неколку добри прилики пред двата гола, но мрежите мируваа и на полувреме се замина со 0:0. Во продолжение гледавме слична слика на теренот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Резултатот го отвори Даниеле Малдини со што се испиша историја во европскиот фудбал. Даниеле данес доби прва шанса да заигра како стартер во натпревар од Серија А, а на почетокот на второто полувреме со глава ја смести топката во мрежата на Специја за радост на „Росонерите“.

Посебно интересна беше реакцијата на неговиот татко Паоло Малдини кој денес ја изавршува функцијата директор во клубот. После голот на Малдини, Специја имаше неколку убави акции, се обидуваа да дојдат до изедначување. Тоа се случи на 10 минути до крајот. До крајот Милан сепак со голот на Диаз во 87. минута дојде до победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …