Каталонскиот гигант Барселона од почетокот на сезоната мака мачи со повредени фудбалери, а нови главоболки за Луис Енрике преставува повредата на Самуел Умтити.
Умтити заработи повреда на бутниот мускул и го напушти кампот на француската репрезентација, по што веднаш се врати во Барселона, каде што ќе отпочне со рехабилитациски процес.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Засега не е познато колку тој ќе паузира, но Умтити беше еден од најстандарните и најдобри фудбалери на Барселона оваа сезона и столб на одбраната, особено после повредата на Пике.
Повредата доаѓа во незгоден момент бидејќи Барса за неполн месец го пречекува Реал во Ел Класико, а дотогаш има уште две тешки гостувања, против Сосиедад во Ла Лига и Селтик во Лигата на шампионите.