Дома Фудбал Останато Нови детали: Рејес не возел 237 km/h

Нови детали: Рејес не возел 237 km/h

Прославениот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико го загуби животот на денот на минатогодишното финале во Лигата на шампионите во собраќајна несреќа на патот од Севиља кон родната Утера.

Рејес изгубил контрола и излетал од патот, а возилото се запалило. „Мундо Депортиво“ два дена после трагедијата објави податоци кои ги добиле од полицискиот увид. Според тие податоци се пишуваше дека Рејес во моментот на несреќата возел со 237 km/h. При тоа со голема брзина случајно свртел и удрил во заштитната ограда после што му пукнала гума и неповратно ја изгубил контролата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Покрај Рејес со него во автомобилот биле уште Џонатан Рејес и Хуан Мануел Калдерон, Џонатан исто така го загуби животот додека вториот патник преживеал, но се здоби со изгореници на две третини од телото.

Сега после вештачењето се појавуваат нови детали. „Радио Антена 3“ објави дека не се точни информациите за брзината на Рејeс. Според најновите информации Рејес возел помеѓу 111 и 128km/h, што било во границите на дозволеното. Сепак и покрај тоа немал многу време за реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…