Пред неколку дена во јавноста се појави допинг-скандалот на фудбалерот на Јувентус, Пол Погба.
Се уште не е јасно каква ќе биде реакцијата на анти-допинг Комисијата при Европската фудбалска унија, но тешко дека нешто може да оди во корист на францускиот фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агентката на Погба, Рафаела Пименти претходно порача дека Погба никогаш не би си дозволил намерно да користи недозволени супстанци. Најверојатно станува збор за суплемент во исхраната кој Погба го користел за време на турнејата во САД.
Медиумите сега пишуваат дека станувало збор за „интегратор витамини“ кој му го препорачал семеен пријател. Докторите на Јувентус се оградија од било каква вмешаност во случајот. Исто така и тие изразија револт што Погба не се консултирал со нив пред да ги земе витамините. Се наведува и дека на самото пакување на овие витамини стои дека може да доведат до несакани последици кај спортисти.
Засега Погба е суспендиран од Јувентус и ако случајот се потврди клубот без дилеми ќе му го раскине договорот. Но, ако Погба заработи долгогодишна суспензија, тоа може да значи и крај на неговата кариера.