Килијан Мбапе денеска го слави својот 20. роденден.
Речиси неверојатно звучи податокот дека младиот Французин до сега во кареирата освои 15 трофеи и награди од кои шест тимски и девет индивидуални. Највреден трофеј е се разбира титулата светски шампион кој оваа година ја освои со Франција, а со репрезентацијата пред две години го освои и Европското првенство до 19 години. Со ПСЖ минатата сезона освои тројна круна, а титулата шампион на Франција ја крена и во дресот на Монако.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога станува збор за индивидуалните награда, Мбапе за сега го освои Копа трофејот, за најдобар млад играч во 2018. година, „Golden Boy“ наградата за најдобар млад играч во 2017. и наградата за најдобар млад играч на Светското првенство. Исто така е и во најдобриот состав на Светското првенство со што стана првиот тинејџер во најдобрите 11 во светот по изборот на ФИФА, по два пати е избран во најдобрито состав во Лига 1 и најдобриот состав на млади гирачи во Лига 1.
Во 150 натпревари во кариерата постигна 73 гола, а бројот на трофеи и награди кои Мбапе ги оствари со само 20 години е импресивен, а за освојување на Лигата на Шампионите и Златната топка е само прашање на време. Само за споредба, Меси до 20 години имаше 13 трофеи/награди, а Роналдо „само“ четири. Со право се поставува прашањето, каде е крајот на Мбапе!?