Дома Фудбал Италија Новинар постави прашање, Гатузо беше искрен: Зборувај поедноставно едвај завршив основно (ВИДЕО)

Новинар постави прашање, Гатузо беше искрен: Зборувај поедноставно едвај завршив основно (ВИДЕО)

Екипата на Милан во вториот дел од сезоната игра навистина одлично, а последната победа „росонерите“ ја запишаа вчера во натпреварот против Емполи со 3:0.

Гатузо оваа сезона во еден момент изгледаше дека е на работ на отказ, но откако во клубот пристигнаа засилувањата Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек Милан започна да реди победи, па позицијата на Гатузо засега е сигурно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Самиот Гатузо имаше пофални зборови за Пјонтек.

„Веувајте дека секој ден зборува со моите помошници и неколку дена претходно заедно ги гледаат натпреварите на противничките тимови, односно нивните одбрани. Така ги следи нивните движења и тоа го користи во натпреварите. Тоа за мене е неверојатно и ме воодушеви“

Меѓутоа на конференцијата имаше и еден урнебесен момент. Еден од новинарите во салата сакаше да постави прашање до Гатузо на повисоко ниво, но доби одговор каков што сигурно не очекуваше.

„Рино кој алхемичарски рецепт го користите за да ги претвораш во злато фудбалерите кои ги тренираш“, гласеше прашањето од новинарот.

Одговорот на Гатузо беше краток и јасен:

„Зборувај малку поедносавно, јас едвај завршив основно училиште“, одговори Гатузо со што ги насмеа присутните во салата.

Во вчерашниот натпревар погодоците за Милан ги постигнаа Пјонтек, Кеси и Кастиљехо. Во следното коло Милан го очекува натпревар против Сасуоло на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…