Иднината на Мауро Икарди се уште е неизвесна.
Мауро Икарди е на позајмица во ПСЖ, а на таа позајмица и се ближи крајот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Светците“ имаат можност да го откупат од Интер за 65 милиони евра и со тоа на него би потрошиле вкупно 70, со оглед на тоаш пет платија за позајмица. Меѓутоа неодамна се појави информација дека Икарди кенам да остане во Париз.
Јувентус покажува интерес за Аргентинецот, но секако дека Интер повеќе сака да го продаде надвор од Италија. Сега можеби добија една опција – Мадрид.
Според она што денес го пишуваат италијанските медиуми Атлетико Мадрид покажал интерес за Икарди. На „јорганџиите“ потребен им е уште еден квалитетен напаѓач затоа што Диего Коста не ги оправда очекувањата по враќањето во клубот.
Икарди би можел да биде идеално решение само прашање е дали Атлетико може да се договори со Интер за оштетата бидејќи прекинот на сезоната ќе остави влијание на сите клубови.
Во случај да се реализира трансферот во Атлетико тоа за Икарди би било враќање во Шпанија затоаш то едно време тој беше дел од младинскиот погон на Барселона.