Дома Македонски спорт Нова опција за Елмас, Лион го сака како замена за Пакета

Нова опција за Елмас, Лион го сака како замена за Пакета

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се поврзува со нов клуб, според последните информации Лион сака Елиф да биде замена за Лукас Пакета.

Пакета наводно е блиску до трансфер во Премиер лигата во редовите на Вест Хем, па затоа премиерлигашот е во потрага по негова замена.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Заминувањето на Пакета би оставило отворен простор во тимот на Питер Бош и „Тутомеркато“ пренесува дека Елмас е една од опциите да го пополни тој простор.

Летово Елмас се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа засега е поблиску до останување во Наполи, иако на почетокот на сезоната натпреварите ги започнува од клупата за резерви.

Во Наполи Елмас пристигна пред три години, а претходно беше дел од Фенербахче и Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…