Дома Фудбал Останато Нова идеја на УЕФА: Се формира трето европско натпреварување?!

Нова идеја на УЕФА: Се формира трето европско натпреварување?!

Еден од најчитаните европски весници, германскиот „Билд“ на денот на ждрепката излезе со ексклузивна вест – УЕФА спрема ново, трето натпреварување!

Имено, третото натпреварување би било наменето за условно кажано помалите клубови, односно со нивото на квалитетот би било под Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Новото натпреварување би донело и промени во Лигата на Европа.

Лигата на шампионите би продолжила да се игра со 32 клуба, додека во Лигата на Европа место 48 клубови како што е тоа сега случај, би учествувале 32.
Во третото европско натпреварување, Куп на Европа (името официјално ќе биде подоцна утврдено) би имало исто така 32 учесници.

Новото натпреварување би било производ на двете најмоќни фудбалски организации во Европа УЕФА и ЕКА, а ќе има за цел подигнување на атрактивноста на Лигата на Европа, како и спортскиот квалитет.

Од друга страна поголем број клубови од помалите фудбалски земји како Скандинавија или источна Европа можат да сметаат на место во новоформираното натпреварување.

Доколку ова натпреварување се формира не би било потребно зголемување на бројот на учесници во Лигата на Европа на 64, како што првобитно било планирано, пишуваат Германците.

Како година кога би можело да стартува ова натпреварување се најавува 2021.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …