Дома Фудбал Италија Нова епизода во случајот Донарума!

Нова епизода во случајот Донарума!

Иако шпанските медиуми вчера пренесоа дека Реал Мадрид има договор со младиот голман Џанлуиџи Донарума, сепак од Италија пристигнуваат поинакви вести.

Имено, вчера тренерот Монтела беше во куќна посета на семејството на Донарма, каде се задржа околу два часа и разговараше со таткото на младиот голаман.
Трнерот му објаснил на семејството дека Џиџо е центар на новиот проект во Милан и дека клубот сака да го задржи, а наскоро и да му ја даде капитенската трака.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Неговото семејство потврди дека Донарума никогаш не сакал да го напушти Милан, дека го сака клубот и сака да остане на „Сан Сиро“. Целата ситуација и медиумскиот присток се резултат на одлуката на менаџерот Раиола.

Поради тоа медиумите пренесуваат дека сега се обновени преговорите за продолжување на договорот, а желбата на самиот голман е јасна – сака да остане во Милан.

Сега останува да видиме дали Милан и Мино Раиола ќе најдат заеднички јазик околу деталите во договорот, па целата ситуација сигурно ќе добие завршница до крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саутгејт: Го разбирам критиките, но сега доаѓа главното

Англија со една победа и две нерешени ја заврши групната фаза, па иако се пласира во осмин…