Дома Фудбал Италија Новајлијата од Интер „пука“ од оптимизам: Ќе постигнам 20 голови

Новајлијата од Интер „пука“ од оптимизам: Ќе постигнам 20 голови

Храбра најава на новиот фудбалер на „нероаѕурите“.

Летното засилување на Интер, Кеита Балде со голем оптимизам го очекува натпреварот против Парма во четвртото коло во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за такво нешто е тоа што додека играше за Лацио својот прв гол го постигна против тимот од „Енио Тардини“.

„Се сеќавам игравме на нивниот стадион. Антонио Миранте беше на голот. Го издриблав и го постигнав својот прв гол за Лацио. Дали можам да постигнам 15-20 погодоци? Да, имам се што е потребно за тоа. Тимот е одличен, момците се супер. Вклучивајќи ме и мене пристигнаа многу нови играчи, но полека се запознаваме“, изјави поранешниот фудбалер на Монако.

„Нероаѕурите“ во првите три натпревари од Серија А забележаа по една победа, едно реми и еден пораз и се наоѓаат на седмата позиција со четири освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…