Бекот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го урна рекордот во Бундеслигата за максимална брзина во тек на еден спринт.
Откако се мерат овие вредности од 2011 година, Дејвис сега стана апсолутен рекордер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвис во мечот против Вердер Бремен трчаше со брзина од 36,51 км/ч, што го прави најбрз фудбалер во историјата, кој играл во Бундеслигата.
Претходниот сопственик на рекордот беше Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, кој трчаше со брзина од 36,19 км/ч.
Дејвис претходно пред неколку дена трчаше со брзина од 35 км/ч и тоа во дербито против Дортмунд, кога го спречи Ерлинг Халанд да постигне гол.
„Јас само си ја вршам работата на терен, не знам како се случил рекордот. Меѓутоа, многу сум среќен што сум поставил рекорд“, изјави Дејвис.
36.51 – Alphonso Davies' top speed of 36.51 km/h in Bremen is the fastest of any #Bundesliga player since data collection started in 2013-14. Lightning. #SVWFCB pic.twitter.com/FBGDrDXEOX
— OptaFranz (@OptaFranz) June 16, 2020