Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ по елиминацијата на Индијан Велс донесе одлука со која ги разочара фановите

Новак Ѓоковиќ по елиминацијата на Индијан Велс донесе одлука со која ги разочара фановите

Новак Ѓоковиќ по изненадувачката рана елиминација од Индијан Велс сега уште еднаш ги разочара своите фанови.

Имено, српската телевизија „Спорт Клуб“ дознава дека Ѓоковиќ нема да настапи на турнирот во Мајами кој треба да започне само неколку дена по завршувањето на Индијан Велс.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Мајами е се поблиску, ќе видиме што ќе се случи. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е жешка. Ќе одморам два-три дена па потоа ќе донесам одлука што сакам да направам понтаму“, изјави Ѓоковиќ по поразот на Индијан Велс.

Ѓоковиќ беше елиминиран од Италијанецот, Лука Нарди кој 123. тенисер на АТП листата. Ако и дефинитивно Ѓоковиќ го пропушти турнирот во Мајами, веројатно ќе биде затоа што сака подобро да се подготви за настапите на земјените турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…