Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ добива музеј во Србија

Новак Ѓоковиќ добива музеј во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека верува оти наскоро ќе започне изградбата на музејот на Новак Ѓоковиќ и додаде дека првите разговори за ова прашање се одржани денеска, што ќе биде уште една атракција.

Ѓоковиќ во изминатиот период се закити со златниот медал на Олимписките игри во Париз.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Палма (де Мајорка) има музеј посветен на Рафаел Надал. Ќе гледаме да покажеме согласно заслугите што ги направил за нашата земја и во исто време да привлече туристи. Новак е поголем од Надал во тој величествен спорт.

Не знам дали знаете колку е популарен, не само овде, туку да речеме и во Кина, дека кога ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ на еден кинески функционер, тој не смее да го земе, бидејќи би се сметал за преголем и премногу скап подарок“ – рече Вучиќ.

После настапот на Игрите во Париз, најавите велат дека Ѓоковиќ се пријавил за Мастерсот во Шангај, Кина, каде последен пат играше во 2019 година. Турнирот ќе се организира во периодот од 2 до 13 октомври 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…