Дома Фудбал Останато Ни Погба, ни Гризман: ТОЈ е најдобриот Французин за 2017

Ни Погба, ни Гризман: ТОЈ е најдобриот Французин за 2017

Еминентниот спортски магазин „Франс Фудбал“го прогласи играчот на Челзи, Нголо Канте, за најдобар француски фудбалер во 2017 година.

Канте во изминатите две години ја освои Премиер лигата најпрвин со Лестер, а потоа и со Челзи, каде беше еден од клучните фудбалери поради што „Франс фудбал“ му ја додели наградата за играч на годината.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Играчот од средниот ред во „трката“ по ова престижно признание ги победи Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Пол Погба (Манчестер јунајтед) и Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ).

Право на глас во изборот за фудбалер на годината имаат сите поранешни добитници на наградата на „Франс фудбал“ и главниот уредник на весникот. Секој може да избере по пет фудбалер, а победник е оној кој ќе собере најмногу гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…