Дома Фудбал Италија Ни Алегри, ни Зидан: Познат фаворитот за наследник на Пирло

Ни Алегри, ни Зидан: Познат фаворитот за наследник на Пирло

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, кој сигурно ќе добие отказ на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови, но Французинот доколку го напушти Реал сака да земи една година одмор.

Поради тоа весникот „Тутоспорт“ ексклузивно пренесува дека во пол-позиција во моментов е Џенаро Гатузо.

Гатузо на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, а „бјанконерите“ веруваат дека го има потребното искуство да ја води „старата дама“.

Агентот на Гатузо, Жорге Мендеш е во добри односи со „бјанконерите“ и наводно двете страни се во напредни преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гласнер откри дали Матета ќе се оперира и изјави дека неговата одлука да замине е конечна

Напаѓачот на Кристал Палас Жан-Филип Матета нема да се подложи на операција на коленото за…