Дома Македонски спорт Ништо од осминафинале, Турција поразена од Финска

Ништо од осминафинале, Турција поразена од Финска

Ништо од осминафинале на Европското одбојкарско првенство за македонската репрезентација. Финска ја совлада Турција со 3:2  и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата.

Се што требаше за нашата селекција да се пласира во нокаут фазата беше победа на Турција, меѓутоа турските одбојкари потклекнаа и не успеаја да слават против Финска иако важеа за големи фаворити на овој натпревар.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Финска го доби првиот сет со 25:20, додека вториот и третиот беа во корист на Турција (25:15, 25:18). За наша жал следните два сета ги доби Финска и со тоа дојде до голема победа која ги вивна во нокаут фазата.

Со ова се сруши нашиот сон за пласман во осминафиналето, но сепак треба да им честитаме на нашите одбојкари кои во својот дебитантски настап на ЕП запишаа две победи и беа на чекор од нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…