Иако се најавуваше дека Македонија можеби ќе игра пријателскит натпревар со хитот на Светското првенство, Мароко сепак тоа нема да се случи.
Од Фарски Острови потврдија дека ќе гостуваат на Македонија на 27. март на пријателски натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потсетување дека на 23 март, четири дена порано на Националната арена „Тодор Проески“ избраниците на селекторот Благоја Милевски против Малта ќе ги започнат квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
На ФИФА ранг листата моментно Македонија е на 65 место, додека Фарски Острови е на 123 позиција. Ова ќе биде наш прв натпревар во сениорска конкуренција против оваа репрезентација.