Иако беше најавено дека во периодот од 16 до 19 август Вардар ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир во Скопје, истиот е откажан.
Ова требаше да биде втор турнир во организација на Вардар. Од 22 до 28 август Вардар ќе игра на неофицијалното клупско Светско првенство во Катар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Причината за откажувањето е што европскиот првак треба да се подготвува за настап на Супер Глоуб, неофицијалното клупско светско првенство што од 25 до 28 август треба да се одржи во Катар. Тоа ги помести плановите на клубот во однос на подготовката за новата сезона, а меѓу другото и некои турнири на кои требаше Вардар да настапува. Поради Супер Глоуб и потребата за аклиматизација, клубот ќе замине за Катар на 22 август, па затоа е откажан турнирот што претходно беше планиран. Откажано е и играњето на турнирот во Веспрем кон крајот на август. Останува планираното играње на турнирот во Гумерзбах од 11 до 14 август, информираа од македонскиот шампион.
Ова е првпат македонски тим да игра на Супер Глоуб. Засега сигурно е дека на тој турнир покрај Вардар ќе играат и Фуксе Берлин (актуелен победник), Ал Ахли (првакот на Африка), Ал Ноор (првакот на Азија), Сиднеј (првак на Океанија) и Пинхериос (првак на Пан Американскиото првенство). Остануваат уште две места, за домаќинот и за уште еден тим што ќе добие специјална покана.
На турнирот во Скопје планирано беше на турнирот да играат: Металург, Кристијанштад, Горење, ПИК Сегед и Висла Плоцк.