Навивачите на Јувентус полека веројатно и престануваат да се надеваат дека Пол Погба ќе биде сериозно засилување.
Погба во Јувентус пристигна во летниот преоден рок од Манчестер Јунајтед, но се повреди уште пред почетокот на сезоната. На второто деби во црно-белиот дрес чекаше до пред три кола кога настапи во градското дерби против Торино, а потоа и против Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, потоа на денот на натпреварот со Фрајбург во Лигата на Европа минатиот четврток стигна вест дека Алегри го изоставил од тимот затоа што задоцнил на последниот собир пред натпреварот.
Алегри најави дека Погба ќе биде во комбинација за следниот натпревар и требаше да добие нови минути вчера против Сампдорија. Сепак, сега повторно се повреди.
Денешните информации од Италија зборуваат дека Погба ќе биде надвор од терените уште еден месец, а многумина веруваат дека можеби и нема да заигра повторно за клубот од Торино.