Златан Ибрахимовиќ во натпреварот против Парма заработи црвен картон, но според дел од италијанските медиуми судијата погрешил кога го исклучил Ибра.
Во Милан убедуваат дека се работи за недоразбирање и дека Ибра не го навредил Мареска. Адвокатот на Милан, Кантамеса тврди дека има можност да се поништи суспензијата на Мареска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Најмногу зависи од тоа што ќе го напише Мареска. Ако не е сигурен во тоа што го слушнал тогаш треба да го напише тоа. Во таква ситуација може да дојде поресврт. Ако судијата признае дека погрешил Ибра ќе може да игра во следниот натпревар, без разлика на црвениот картон. Доколку не се случи тоа ќе добие суспензија од еден или два натпревари, според мене тоа нема да биде фер. Тоа што се случи на теренот беше недоразбирање“, изјави Канамеса.