Јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока (28) беше принуден да му го предаде мечот на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ (24) во петтиот сет од првото коло на УС Опен.
Кога резултатот беше 2:2 во сетови (7:6, 2:6, 7:5, 5:7) и 1:0 за Кечмановиќ во петтиот сет со брејк-топка на сервис на Нишиока, тој падна на подот и почна да вреска од болка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нишиока и по интервенцијата на докторот не можеше да се движи. По некое време, Јапонецот беше опкружен со „жив ѕид“ за да ги спречи гледачите да ја видат драмата што се одвиваше.
Потоа во солзи тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, во придружба на дваесетина луѓе, откако му помагаа повеќе од 20 минути.
Натпреварот беше прекинат и Кецмановиќ службено дојде до победата и до дуел со Музети.