Дома Фудбал Останато Ниту Роналдо, ниту Меси – Погба има свои фаворити за Златната топка!

Ниту Роналдо, ниту Меси – Погба има свои фаворити за Златната топка!

Традиционалната награда „Златната топка“ која се доделува од 1956. година за најдбар фудбалер во светот и оваа година ќе добие свој победник.

Францускиот весник „Франс Фудбал“ ја објави комплетната листа од 30 кандидати кои се натпреваруваат за големото признание. Оваа година ќе има повеќе фаворити, а може да ги издвоиме, покрај Роналдо и Меси, Модриќ, Гризман, Салах и уште многу други.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба знае кој би требало да ја освои Златната топка оваа година.

„Не ме интересира кој ќе ја освои Златната топка, само се надевам дека тоа ќе биде некој од Франција. Не јас – Гризман, Мбапе и Варан ја заслужуваат таа награда повеќе од мене“, изјави Французинот.

Дали се согласувате?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јамал без никакво размислување кажа кој е за него најдобар на сите времиња

Младиот фудбалски суперталент Ламине Јамал повторно ја откри својата голема почит кон свој…