Познатиот фудбалски магазин „Fourfourtwo“ нарпави своја листа на најдобрите 100 фудбалери во овој момент, а на врвот на листата се наоѓа Лионел Меси, кој зад себе ги остави Роналдо и Нејмар.
Реномираниот магазин направи неколку промени во редоследот на најдобрите играчи, така да најдобар голман во светот не е ниту Де Геа, ниту Ноер, ниту пак Буфон. Одличниот голман на словенската репрезентација и Атлетико Мадрид, Јан Облак се наоѓа на 12. место на најдобри фудбалери во светот и е првото голманско име во светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Денеска е подобар од било кога. Тој често делува како лепак која ја држи одбраната на Атлетико заедно. Можеби не е најдобар, но неговата способност својот гол да го направи помал е навистина неверојатна“, напишаа во споменатиот магазин.
За разлика од наградите од УЕФА, ФИФА и Златната топка, споменатиот магазин првото место го посвети на Меси, второто на Роналдо, а третото на Нејмар.