Дома Фудбал Италија Никола Калиниќ доби „Златна канта“ во Серија А

Никола Калиниќ доби „Златна канта“ во Серија А

Никола Калиниќ минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но само после една година го напушти „Сан Сиро“.

„Росонерите“ минатото лето донесоа голем број на засилувања, имаа неколку промашувања, а меѓу нив секако беше и Никола Калиниќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во традиционалниот избор на навивачите Хрватот беше избран за најголемо промашување во Серија А и ја доби популарната „Златна канта“.

Калиниќ ја зеде „Златната канта“ пред својот соиграч од Милан, Андре Силва, а на третото место беше Патрик Шик од Рома.

Во конкуренција за најголеми промашувања беа Марко Пјаца и Ховедес од Јувентус, Далберт и Жоао Марио од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се огласи Судиската комисија: Имаше пенал за Вардар против Струга! (Видео)

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесе…