Дома Останати Авто Мото Ники Лауда изврши трансплатација и се наоѓа во критична состојба

Ники Лауда изврши трансплатација и се наоѓа во критична состојба

lauda

Eден од најлегендарните и највпечатливите возачи во историјата на Фромула 1, Ники Лауда вчера направи тешка трансплатација на белите дробови

Лауда кој е на 69 годишна возраст не беше виден на последните две Ф1 трки во Хокенхајм и Будимпешта поради мистериозна болест, а сега е откриено за што се работи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Поради тешката состојба со белите дробови, Ники Лауда мораше да направи трансплатација во болницата во Виена. Операцијата беше успешна“, стои во официјалното соопштение од болницата.

Германските медиуми пренесуваат дека операцијата траела пет часа.

Познато е дека Лауда во текот на возачката кариера можеше да го загуби животот во несреќата во 1976 година кога неговото Ферари се запали на патеката, додека во 1997 и 2005 година правеше две трансплатации на бубрег.

И покрај успешната операција „Билд“ пишува дека Лауда се наоѓа во животна опасност и дека првата недела после трансплатацијата секогаш е критична.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …