Дома Фудбал Англија Не чека супер интересна завршница во Премиер лигата: Еве како изгледа распоредот на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити

Не чека супер интересна завршница во Премиер лигата: Еве како изгледа распоредот на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити

На Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити им остануваат уште само седум натпревари во борбата за титулата во Премиерлигата.

Моментално лидер е тимот на Арсенал со 71 бод, исто толку колку и второпласираниот Ливерпул, но со полоша гол-разлика, додека Манчестер Сити е третопласиран со бод помалку.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Најповолен распоред има Манчестер Сити, додека според моменталната ситуација најтешко би требало да му биде на лондонски Арсенал, кој брилираше во последните неколку месеци и игра навистина феноменално, што се одрази и на табелата во најсилната лига. во светот.

На Сити треба да му биде најтешко во последното коло кога гостува кај Тотенхем, додека Арсенал покрај гостувањето кај Спарс ќе има и гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед како и домашните дуели со Астон Вила и Челзи.

Од друга страна, Ливерпул го очекува гостувањето кај Евертон, Вест Хем и Астон Вила како и домашен меч со Тотенхем.

Распоредот на Арсенал до крајот на сезоната:

Астон Вила (дома)

Вулвс (гости)

Челзи (дома)

Тотенхем (гости)

Борнмаут (дома)

Манчестер Јунајтед (гости)

Евертон (дома)

Распоредот на Ливерпул до крајот на сезоната:

Кристал Палас (дома)

Фулам (гости)

Евертон (гости)

Вест Хем (гости)

Тотенхем (дома)

Астон Вила (гости)

Волци (дома)

Распоредот на Манчестер Сити до крајот на сезоната:

Лутон (дома)

Брајтон (гости)

Нотингем Форест (гости)

Волци (дома)

Фулам (гости)

Вест Хем (дома)

Тотенхем (гости)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…