Дома Фудбал Не може да го поднесе! Скандалозна изјава на Алегри за Влаховиќ!

Не може да го поднесе! Скандалозна изјава на Алегри за Влаховиќ!

Синоќа фудбалерите на Јувентус најверојатно се збогуваа со титулата за оваа сезона.

„Старата дама“ на домашен терен беше поразена од Удинезе со 1:0 и сега има седум бода помалку и натпревар повеќе од водечкиот Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На натпреварот против екипата на Удине отсуствуваше најдобриот стрелец на црно-белиот тим Душан Влаховиќ.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри искористи уште една прилика да го понижи српскиот напаѓач.

Имено, на новинарско прашање дали отсуството на Влаховиќ влијаело на ефикасноста на тимот, тој го изјави следново.

Не го почувствувавме неговото отсуство. Добивме многу натпревари без него. Го имаме Милик и други големи играчи – изјави Алегри.

Прашање е до кога италијанскиот стручњак ќе го има овој став за најдобриот стрелец на својата екипа, без кој Јувентус веројатно би бил во грчевита борба за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…