Дома Трансфер зона Не играше затоа што сака да потпише за Челзи, па срамно реагираше на голот на неговиот тим

Не играше затоа што сака да потпише за Челзи, па срамно реагираше на голот на неговиот тим

Лестер сити вчера загуби на домашен терен од Саутемптон со 1-2 во третото коло од англиската Премиерлига, иако имаше водство од 1-0 од 54. минута.

Тренерот Брендан Роџерс вчера не можеше да смета на услугите на Весли Фофана, кој одбил да игра за Лестер зашто сака да се пресели во Челси.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дефанзивецот се најде на трибините, каде што го следеше неговиот тим, но не се израдува премногу на голот кој го постигна Лестер во 54. минута од натпреварот.

Фофана се обидува да направи трансфер во Челси, а веќе ги договорил и личните услови со гигантот од Лондон, додека тимот на Томас Тухел му нуди 90 милиони евра на Лестер за трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…