Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лондон против Вест Хем во четвртфиналниот реванш од Лигата на Европа, откако на домашен терен победија со 2:0.
Баер на тој начин се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Рома, а во Лондон новиот германски шампион постигна гол за 1:1 во 89. минута. Стрелец беше Фримпонг, а aсистираше Јосип Станишиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Домашните фудбалери и навивачите беа незадоволни од судењето на реваншот против Баер, а Михаил Антонио, единствениот стрелец на Вест Хем, по натпреварот ги критикуваше судиите.
“Многу сум разочаран од овој исход. Дадовме се од себе на теренот, но беше тешко да се бориме против сите ситуации. Силно чувствувам дека бројните одлуки на наша штета влијаеја на резултатот”, прокоментира Антонио и додаде:
„Мораме да останеме професионални, дури и ако е тешко.. Не игравме само против единаесет играчи на Баер, туку и против тројцата судии“; искоментира Антонио.
Вест Хем моментално е на осмото место во поредокот во Премиер лигата, а до крајот на сезоната ќе треба да се бори за една од позициите кои обезбедуваат настап во европските натпреварувања.