Парма во овој момент е во Серија Б, а со неа заедно и неговиот рекордер.
Алесандро Лукарели има 40 години и понатаму е член на Парма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер во 2008 година пристигна во овој тим, одигра 311 натпревари за Парма со што постави нов клупски рекорд.
Овој човек за Парма играше во сите лиги од Серија А до Серија Д, Парма не ја напушти ниту во најтешките моменти кога овој клуб поради банкрот беше исфрлен во Серија Д.
„За овие десет години, чуствував повеќе тага отколку уживање, во овие 311 натпревари правев многу грешки. За многу голови сум јас виновен. Сепак, едно е сигурно, не постои натпревар во кој не дадов 100%. Сега сакам од срце да му се заблагодарам на овој клуб што ми дозволи да бидам дел од нивната историја“, изјави Лукарели.