Љубителите на најдобриот клупски фудбал повторно овој викенд ќе дојдат на своето бидејќи на програмата се четири големи дерби натпревари.
Откако во средината на неделата уживавме во натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на европа, време е да се вратиме на првенствата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој викенд не очекуваат четири навистина интересни натпревари.
Барселона – Реал Мадрид
Ќе биде ова првото „Ел Класико“ после долго време во кое ќе нема ниту еден од Меси и Роналдо, но и покрај тоа сигурно дека не очекува голем натпревар.
Двата шпански гиганти не покажаа премногу од почетокот на сезоната во Ла Лига, тоа посебно се однесува на Реал Мадрид каде што после евентуален пораз на оваа средба тренерот Лопетеги би можел да биде отпуштен.
Натпреварот се игра во недела со почето код 16:15 часот.
Наполи – Рома
Наполи и Рома ќе ги одмерат силите на „Сан Паоло“ и секако дека и овој натпревар привлекува големо внмание. Овие два тима и оваа сезона се надеваат дека можат да го загрозат Јувентус, а во овој момент како и минатата сезона поблиску до такво нешто е Наполи.
Натпреварот се игра недела со почеток во 20:30 часот.
Марсеј – ПСЖ
Екипата на Марсеј игра добро оваа сезона и после 10 одиграни кола во Лига 1 имаат освоени 19 бодови, но тоа не е доволно да се загрози ПСЖ кој има максимални 30 бодови после 10 кола.
Секако, „светците“ ќе бидат фаворити на „Велодром“, но голем клуб каков Марсеј никогаш не смеете да отпишете и без разлика во каква состојба се клубовите дуелот помеѓу овие два клуба секогаш ќе биде дерби.
Овој натпревар се игра во недела со почеток до 21:00 часот
Тотенхем – Манчестер Сити
На ред дојде и едно дерби од Премиер лигата. Ќе се одигра во Лондон каде што ќе се сретнат Тотенхем и Манчестер Сити.
Ова ќе биде прилика за „петлите“ со евентуална победа се вратат во трката за титулата во Премиер лигата.
Натпреварот се игра во понеделник со почеток од 21:00 часот.