Само ден откако каталонските медиуми открија дека Барселона има сериозен интерес кон Кристиан Ериксен од Тотенхем, денес „Марка“ потврди дека плејмејкерот е трансфер цел на Реал Мадрид.
За разлика од Барселона која на Ериксен гледа како алтернатива за Гризман, Данецот е примарна цел за „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ериксен веќе две-три сезони блеска во Премиер лигата и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во светот. „Кралевите“ подолго време ги следат неговите настапи и го вклучиле во списокот на евентуални трансфери.
Европскиот шампион смета дека имаат потреба од играч кој наскоро ќе треба да го замени Лука Модриќ, бидејќи Хрватот наскоро ќе наполни 33 години.
26-годишниот Ериксен би бил идеален наследник на Модриќ, па Реал Мадрид наскоро планира да го контактира неговиот агент и да испрати понуда до Тотенхем.