Дома Фудбал Останато Нејмар си тера по свое – ПСЖ има сериозни проблеми со Бразилецот

Нејмар си тера по свое – ПСЖ има сериозни проблеми со Бразилецот

Бразилскиот фудбалер Нејмар претходните години правеше проблеми во Барселона барајќи слободни денови за прослава на роденденот на својата сестра.

Нејмар пред неколку сезони замина во Бразил на прослава на роденденот на својата сестра кога најмногу и требаше на Барселона и тогаш беше не голем удар на навивачите. Бразилецот очигледно сака да ја продолжи традицијата и во ПСЖ и веќе најавил дека ќе биде отсутен бидејќи ќе си оди дома.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во прилог му доаѓа и повредата кој неодамна ја доби и најмалку еден месец ќе биде надвор од терените. Иако од ПСЖ бараа да остане во Париз за да ја следат неговата рехабилитација пред важните натпревари во Лигата на шампионите сепак тој одлучил да отпатува во Бразил.

Неговата сестра слави роденден на 11 март и веќе најави дека ќе биде отсутен тој период,а тоа го прави веќе петта година по ред.Претходните две години беше повреден, а две години пред тоа беше суспендиран.
Многумина веруваа дека во последната сезона во Барселона лажеше дека е повреден, а две сезони претходно намерно добиваше црвен картон за да не игра.

Традицијата продолжува и сега, а доколку повторно отпатува ПСЖ нема да смета на него за мечот против Манчестер Јунајтед без оглед дали ќе се опорави од повредата или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…