Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар се огласи по потврдата дека ќе ја пропушти групната фаза

Нејмар се огласи по потврдата дека ќе ја пропушти групната фаза

Бразилската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми по првиот меч на Мундијалот во Катар, затоа што им се повредија две ѕвезди против Србија (2-0), а тоа се Нејмар и Данило.

Селекторот Тите изјави дека Мундијалот за Нејмар не е завршен, меѓутоа тој сигурно ќе ја пропушти групната фаза. Се очекува Бразил да нема проблеми да ја помине групата затоа што веќе има три бода по победата против Србија во првото коло.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Гордоста и љубовта која ја чувствувам додека го носам овој дрес не може да се објасни. Да ми дадеше Бог да бирам каде да се родам, ќе го изберев Бразил. Повреден сум, ќе боли, но сигурен сум дека ќе добијам шанса и ќе направам сè за да ѝ помогнам на мојата земја. Толку долго чекав за да ме повреди непријателот? Никогаш! Јас сум син на семоќниот Бог и мојата верба е бесконечна“, порача Нејмар преку социјалните мрежи.

Првите прогнози се дека Нејмар ќе биде спремен за осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…