Дома Фудбал Останато Нејмар: Реал Мадрид? Секој би сакал да игра таму

Нејмар: Реал Мадрид? Секој би сакал да игра таму

neymar

Бразилскиот ас и напаѓач на ПСЖ, Нејмар уште еднаш зборуваше за можноста еден ден да премине во редовите на Реал Мадрид.

Нејмар како и уште многу големи фудбалски ѕвезди се доведува во врска со трансфер во редовите на „кралевите“. Но тој по кој знае кој пат потенцираше дека е среќен во Париз.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа овој пат испрати и неколку убави зборови за Реал Мадрид кои сигурно ќе бидат причина за појавување на нови гласини.

„Дали сакам да играм во Реал Марид? Тие се еден од најголемите клубови во светот. Секој фудбалр би сакал да игра таму“, гласеше изјавата на Нејмар за гигантот од Мадрид, а потоа потенцираше дека во Париз во овој момент е среќен.

„Многу сум среќен во Париз. Се чуствувам одлично тука. Но еден ден кој знае. Реал Мадрид е одличен тим и еден од најдобрите во светот. Имам голема почит кон нив. Сепак, сега се гледам само во Париз“, изјави Бразилецот.

Иначе, Бразилецот се уште е повреден, но се очекува во наредните недели да се врати на терените и да биде на располагање во финишот од сезоната.

ПСЖ во Франција е пред нова титула во, но дефинитивно Нејмар им е потребен за Лигата на шампионите која е најголема цел на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…