Дома Топ вести Нејмар пред заминување, но Барса МОРА да исплати огромна сума на „Нејмар сениор“!

Нејмар пред заминување, но Барса МОРА да исплати огромна сума на „Нејмар сениор“!

Неверојатна приказна пренесуваат шпанските медиуми, таткото на Нејмар во наредните два дена би требало да добие огромна сума од Барселона…

Многумина на трансферот на Нејмар во ПСЖ гледаат како на завршена работа, а човекот кој стои зад сето тоа е таткото на Бразилецот, а токму него Барселона ќе мора да му исплати 26 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нејмар и минатото лето се поврзуваше со ПСЖ, но тогаш Бразилецот одлучи да го продолжи договорот со Каталонците. Тогаш таткото на Нејмар договори откупна клазула од 222 милиони евра за неговиот син, а доби и 15 милиони евра „на рака“.

Таканаречената комисија за агенти на Нејмар сениор изнесуваше 26 милиони евра и договорот беше Барселона да му ја исплати до крајот на јули оваа година, што значи во наредните два дена.

Внимавајте сега, Нејмар најверојатно во понеделник или вторник ќе потпише договор со ПСЖ, кога клубот од Париз ќе ја плати клазулата, освен што Нејмар од договорот ќе заработува 35 милиони евра по сезоната, ќе добие и бонус од 40 милиони, додека комисијата односно сметката на неговиот татко ќе се зголеми за дополнителни 45 милиони евра.

Значи, од трансферите на неговиот син Нејмар сениор веќе самиот заработи повеќе од 100 милиони евра…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …